Зеленски против руски спортисти на Олимпијадата 2024 во Париз

3

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор со својот француски колега Емануел Макрон рече дека на руските спортисти не треба да им биде дозволен настап на Олимписките игри во Париз идната година.

„Особено инсистирав на тоа дека руските спортисти не би требало да имаат свое место на Олимписките игри во Париз“, изјави Зеленски по телефонскиот разговор со Макрон.

Руската инвазија врз Украина почна на 24 февруари лани, а набрзо потоа Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги суспендираше руските и белоруските спортисти, бидејќи инвазијата почна од белоруска територија.

Првиот човек на МОК во новогодишната порака рече дека сака санкциите да бидат продолжени и во текот на 2023 година.

„Санкциите против руските и белоруските држави и влади ќе останат цврсто на сила. Сакаме силна украинска екипа на ОИ во Париз 2024 и на Зимските ОИ 2026 во Милано“, рече Бах.