Зеленски: Русите се повлекуваат од Киев затоа што ние ги избркавме

9

Преговорите со Русија се во тек, но тоа се само зборови, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена на социјалните мрежи во средата вечерта.

„ Да, имаме процес на преговори, но тоа се само зборови, без ништо конкретно“, рече Зеленски.

Зеленски рече дека „наводното повлекување“ на руските војници од Киев и Чернихив не е повлекување, туку резултат на работата на украинската армија.

„ Има други зборови за наводното повлекување на руските трупи од Киев и Чернихив и намалувањето на активностите на окупаторите во тие области. Ова не е повлекување, ова е резултат на работата на нашите бранители кои ги вратија назад“, рече тој.

Зеленски додаде дека руските војници се концентрирани во регионот на Донбас и се подготвуваат за нови напади. Тој исто така рече дека Украинците се „подготвени за ова“.