Зеленски: Руското раководство ги заборавило сите лекции од Втората светска војна

0

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со видео порака денеска ќе се обрати пред албанските народни избраници.

 

Тој во своето ноќно обраќање го критикуваше тврдењето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Адолф Хитлер има еврејско потекло.

„Немам зборови…“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање.

„Никој не слушна никакво демантирање или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е молк. Тоа значи дека руското раководство ги заборавило сите лекции од Втората светска војна.

Зеленски и самиот е Евреин, но Русија постојано повторуваше дека сака да ја „денацифицира“ Украина, почнувајќи од нејзиното раководство.

Лавров изјави дека и Хитлер како и Зеленски исто така имал еврејско потекло, така што тоа не значи апсолутно ништо, рече тој и додаде ,, За некои слушнавме од еврејскиот народ дека најголемите антисемити биле Евреи“ кажа рускиот министер за надворешни работи.