Земјотрес кај Улцињ

1

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утроvo во 6 часот и 15 минути на пет километри југоисточно од Улцињ.

Магнитудата на овој земјотрес во хипоцентарот е 4,1 степени според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од V-VI на Меркалиевата скала (MCS), на длабочина од 12 километри.

Од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија соопштија дека ваков земјотрес можел да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје.

Засега нема информации за можни штети од земјотресот.