Зидан за ситуацијата со Едегард: Разговаравме неколку пати и му кажав што сакам

13

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, во пресрет на натпреварот со Хуеска зборуваше за Мартин Одегард и откри дека го убедувал да остане во Реал, иако норвешкиот талент по секоја цена сакал да замине некаде на позајмица, со цел редовно да игра.

Норвешкиот играч за врска го избра Арсенал и тоа го растажи Зидан.

„Одегард сакаше да оди. Зборувавме два или три пати за тоа. Му велев да остане, да се бори за место во тимот, но тој сакаше средина каде што ќе игра редовно. Јас барав да го вратат од Реал Сосиедад, му реков дека сезоната е долга и дека ќе ја дочека својата шанса, меѓутоа, сакаше да си оди“, вели Зидан.

Иако не играше многу во Реал оваа сезона, само седум натпревари во Ла Лига, Зидан имаше само пофални зборови за Одегард.

„Немаше голема минутажа кај нас, но одлично тренираше и изгледаше возбудено, како што сме и ние, бидејќи имаме таков голем талент во клубот. Во последните сезони многу напредуваше и се развива во вистинска насока. Внимателно го следев додека беше во Сосиедад, навистина ме импресионираше“.

Зидан тврди дека Норвежанецот може да игра на било која позиција.

„Тој е специјалист да игра меѓу линиите, да биде осумка или десетка. Може да игра и по страните. Многу е креативен, комфорен е со топката на мал простор. Способен е и да постигнува и да креира голови. Голем талент е, само му треба уште малку време и вистински опкружување, па сите негови квалитети во целост да дојдат до израз.