Зидан: Не погрешив со стартниот тим, противникот ги казни нашите грешки

6

Реал Мадрид загуби од Реал Сосиедад во рамките на четвртфиналето на Кралскиот куп со 3-4, што беше изненадување на „Сантиjаго Бернабе“. Зинедин Зидан по натпреварот зборуваше со медиумите и имаше пофалби за противникот, кој е првиот тим кој му даде четири гола на тимот воден од Зизу.

„Не мислам дека погрешив со стартниот тим на овој меч. Противникот играше добро, знаеше да ги казни нашите грешки. Имавме многу проблеми кога тие притискаа, а и доста грешевме во одбраната. Сите сме заедно и кога губиме и кога победуваме. Тоа е фудбалот, сега ќе се насочиме кон првенството“, истакна Французинот.

Иако „кралевите“ на вчерашниот дуел анулираа два гола негатива и загубија минимално, текот на средбата не наликуваше на крајот. Реал Сосиедад целосно го надигра противникот, ги искористи грешките и не му дозволи да биде опасен кон голот.