„Златен велосипед“ за белгискиот возач Ремко Евенпел

4

Белгиецот Ремко Евенпел е избран за најдобар велосипедист во 2022 година, во избор на специјализираното француско списание за велосипедизам „Velo d’Or“.

Во изборот за наградата „Златен велосипед“, која традиционално се доделува од 1992 година со гласање на 29 новинари, 22 – годишниот Eвенпел освои 139 бодови, 51 повеќе од својот сонародник Војт Ван Ерт, на второто, и 55 повеќе од третопласираниот Тадеј Погачар од Словенија.

Победникот на овогодишното издание на Тур де Франс, Dанецот Јонас Вингегард, го зазеде четвртото место со 80 бодови.

За најдобра велосипедистка во истиот избор е прогласена Холанѓанката Анемик ван Влутен.