ЗОШТО И КАКО ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ МАКЕДОНИЈА

1.716

Мене градењето на здрава нација воопшто не ме спречува јас и понатаму да си бидам Албанец. Ама, Албанец сум си за себе, за својот дом и за своето семејство. За своето потекло и своите гени. За државата сум граѓанин со сите права и обврски како и секој друг на кого со Уставот и законите тоа им е гарантирано. Со својата лична ангажираност морам и треба да се залагам општеството да функционира квалитетно во рамките на мојот радиус  на способности и квалификации. Така треба секој еден поединец. Но!

Од Агим ЈОНУЗ

Никој ниту ја гледа вистината во очи, ниту сака да ја гледа. Таа е болна. Дали болна историја, со болна сегашност носат канцерогена иднина? Многумина свесни дека не можат да сменат ништо едноставно  оставија да видат што ке каже времето. А, што вели времето, барем во време во кое секој втор е експерт, аналитичар, советник и мудрец. Вели дека сме тешки мајмуни на кои треба да им дадеш банана, а не држава. Државата вели ‘‘ ајде бе народе, јас сум тука‘‘! А народот вели ‘‘чекај мори малку, гледаш дека се бавиме сами со себе‘‘! И додека политичкиот фактор се однесува како ‘‘трговец-поединец‘‘ во ланец на супермаркети, државата венее како стара неонаквена мома, која болна легнала и чека да ја земе господ. И ке ја земе! Можеби не денес попладне, ама како што стојат работите, еден ден. И така, додека ние ја караме и псуеме без грам самокритика дека во суштина ние сме нејзиниот лик, таа само што светнала во историјата, се гаси, се носи со се нас у пизду материну.

Дај ми народе да чујам кој е тој столб за кој можеме да се фатиме и да се потпреме во државава.  Столб кој  е јак, цврст и кој не може да се сруши! Немааа! Све отидено у пичку материну! Значи, тоа е исто како кога живееш на сплав, тој е твој, ама реката наречена геополитика, економска криза и нефункционалност ти го носи сплавот кон пропаст. Ти стоиш на навидум цврсто тло, но тлото заедно со се тебе го носи реката. Судбината е да те однесе реката. Никој не е виновен освен самиот ти, кој не си знаел добро да го врзеш својот сплав, а башка на него да знаеш да се однесуваш како газда. А, и да знаеш кој е газда, повторно нема да го решиш проблемот затоа што нема само еден газда. Е, како тоа!? Еве како. Просто! Албанците викаат ‘‘а бе, ние сме си дома‘‘! Пеки! Вистина! Македонците викаат ‘‘ а бе, која дома бе, ние сме тука газди‘‘! Албанците на тоа одговараат со ‘‘ онакво мое си ти газда‘‘! Ортаци сме! Аха, ок! А дали и едните и другите знаат дека народот има една поговорка која вели ‘‘ ортачко магаре волци го јадат‘‘!? Ниту една ортачка држава не опстанала. Дури и држави кои културолошки и цивилизациски биле и се изнад нашето. На пример, Чехословачка! За Босна да не праиме муабет. За Југославија па никако! И така, еве како прв елемент на сериозна опасност да го земеме недостатокот или подобро речено не постоењето на заедничката граѓанаска свест за постоење нација! Македонија нема – нација. Има само недоволно свесен свет сам за себе во кој никој не гледа подолгорочно во иднината. Секој живее само за ‘‘ден за ден‘‘, па што даде господ ( и американците). За албанците проектот голема ( етничка ) Албанија во сите комбинации е заокружен. Не може вечно да има затворени граници. Со првото отварање, ‘‘растур системот‘‘ на Македонија само ке доживее ренесанса со поврзувањето на културолошко и социолошко содејствување на албанската популација во регионот. А, самото тоа си повлекува економско. Што правиме со македонците? Со останатите? Дали во ситуација на апсолутно етничко не консолидирање на македонската страна, некохерентност, не единство и омраза, македонскиот народ како етникум нема да биде на распродажба кај ‘‘ братските‘‘ Срби, Бугари, Грци?… Да! НАТО гарантира граници, ама Македонија ке биде се останато освен – Македонија! Значи, за да не бидам погрешно разбран, кога велам ‘‘нема нација‘‘, не мислам дека нема население! Нација подразбира да имаш народ кој вели ‘‘ животот ке го дадеме, земјата не ја даваме‘‘. Дали лажам ако речам дека хипокризијата е доведена до врв, ако подсетам дека имаме луѓе кои велат ‘‘Македонија не ја даваме‘‘, да, вистина, ама не го даваме ни бугарскиот пасош, ниту двојното државјанство од трети земји. Дали лажам!? Дали измислувам!? Не! Значи, да резимираме дека Македонија колку и да постои административно на географската карта, дај боже да е вечна, ама, таа ќе биде во суштина непостоечка! Ќе има форма, но нема да има суштина!Немаш нација – јок држава! Да, фиктивно имаш, ама тука да се  подсетиме на вицот ‘‘ фиктивно и фактички‘‘! Кога таткото го учел синот што е фиктивно а што е фактички, му рекол да ја праша мајка му дали би спиела со комшијата за сто евра. Откога оваа потврдила, му рекол на синот да запише дека имаат веќе сто евра. Му рекол. Е, сине фиктивно на хартија имаме сто евра во буџетот, а фактички само имаме една курва дома! Некому не е јасен вицот? Кога ке го разбере само да не му биде касно!

Нација се гради поинаку, а не овака. Ако веќе констатиравме дека немаме изградено нација, уште по катастрофално констатиравме дека никој не работи на создавање, ајде да се позабавиме со овој феномен. Што значи да имаш нација!? Оставете на страна формални дефиниции, и оставете речници на странски зборови. Погледајте ја суштината. Не го повторувајте вицот за фиктивно и фактички. Нај брутално дефинирано, да имаш нација подразбира да имаш севкупност на народот по дефиницијата дека ке биде спремен да го даде својот живот за татковината ако треба. Ова е брутално и народски дефинирано.  Кој!? Една мала група ‘‘ ултра патриоти‘‘!? Најголем дел од нив ке ги купиш се две пива пред самопослуга ( секоја чест на исклучоци)! А, уште поголем дел од нив се веќе по затвори или пребегнати за да не лежат во затвор за криминал. Каков е тој криминал? Крадење на сопствената земја! “FUCK”! Можно ли е тоа!? А бе, ‘‘скопско и се е можно‘‘ вели рекламата! Комуњарите!? Ма дај!,.. политичка структура со социјалдемократска маска зад која се практикува политика поради политика. Спремна на се што носи политичкиот предизвик, но само со една цел. Политички опстанок. Ако некој смета дека комуњарите им направија многу големи одстапки на албанците затоа што се прогресивни, тоа се приказни за мали деца. Во прашање е само нивниот политички газ, кој го чува ДУИ, а кој за останатите партии испадна дека е ‘‘Реал Мадрид‘‘!

Албанците!? Уво ги заболе! Зошто би граделе нација покрај постоечката албанска? Но! Дали е така од аспект на државотворност и припадност на една општествена структура која е патем и реална татковина, ако се земе во предвид автохтоноста на овој простор. Многу дискутабилно. За разлика од македонците, албанците дишат по лесно, затоа што секоја промена на геополитиката е незабележителна ако се има ‘‘резервна татковина‘‘! Сепак сметам дека за тоа која татковина чива е ке одлучуваат американците, ако се земе во предвид дека народот не може сам да си одлучи. Не е далеку од логиката дека би можело во иднина да има некаква федерализација како средно решение во смисла ‘‘ и волкот сит и овците на број‘‘! Но! Тоа само ке ја забетонира филозофијата за една држава – една нација. Нација повторно – јок! Македонија е осудена да биде вечна Палестина. Арно ама, кој кого окупирал во држава со два автохтони народа. За останатите етникуми да не зборувам, тие се ‘‘ ни на земја ни на небо‘‘!

Нација подразбира принцип на “E Pluribus Unum” феноменот. Тоа го има на банкнотата на американскиот долар. Тоа во превод значи ‘‘ сите заедно‘‘ или ‘‘од сите едно‘‘! Кај нас тој феномен не само што е мисловна именка, туку има тенденција на ‘‘никад а можда ни тад‘‘! Кога зборуваме на темата зошто Македонија и како ке се распадне, небулозно е да размислуваме дека таа ке се распадне на парчиња како селска погача. Не! Распадот на една земја не мора да значи територијален колапс на корпусот. Една земја која не функционирана ниво на демос ( кохерентен народ)  е сама по себе распадната. Но! Која е поентата на анализава. Поентата е во тоа што како времето минува, не само што ништо не се презема да се сменат нештата туку уште повеќе латентно се заоструваат. На што се должи тоа! На немање традиција на државност и немање чувство на сеопшта кохезија на демосот. Тоа многу лесно може да биде гробарот на државата. Едно е етничка припадност, друго е нација.Нацијата е над етничка дисциплина. Нацијата нема врска како приватно се викаш. Таа подразбира заедничка грижа за државата на ниво на цел демографски корпус. Без етноцентристички кочници кога е во прашање развој и негување на националното благо кое е општо.

Мене градењето на здрава нација воопшто не ме спречува јас и понатаму да си бидам Албанец. Ама, Албанец сум си за себе, за својот дом и за своето семејство. За своето потекло и своите гени. За државата сум граѓанин со сите права и обврски како и секој друг на кого со уставот и законите тоа им е гарантирано. Со својата лична ангажираност морам и треба да се залагам општеството да функционира квалитетно во рамките на мојот радиус  на способности и квалификации. Така треба секој еден поединец. Но!,..Или ја сакаме државата и сакаме да постои вечно, или само минуваме низ еден период кој некогаш во иднина ке се вика ‘‘ си беше еднаш една Македонија‘‘. Ултранационалистите од двете страни ке ме осудат за овој напис и овој модел на размислување, ама не ни се потребни наочари за да констатираме дека сме дојдени до амбисот. Или градиме здрава држава со сите современи нишани, или да се носиме сите у три пичке лепе материне! А, ако сакаме здрава држава, треба ‘‘још јуче‘‘ да почнеме да градиме здрава нација. Нацијата не е етничка припадност! Нацијата е фамилија која си ја сака куќата и се бори за неа. Ние нација – не знаеме уште што е. Не знаеме ни држава што е! Ние само знаеме ( да простите) да јадеме говна по седенкидека се разбираме во нешто. Зошто и како ке се распадне Македонија? Фигуративен е насловот. Таа ке си остане,.. ама како црвена јаболка. Од надвор да ја сликаш,.. одватре скапана,..распадната,..неупотреблива! лажам!?! Жими такво!

ОООО ЏЕМААТ! Хазрети Иса ( Исус) рекол дека треба да го сакаш својот непријател. Кога не би имал непријател не би постоел ни ти! За се е потребно двојца. Дури и за погреб, некој да те спушти во гробот. Арно ама, сам себе си непријател. А непријатели не сакаш. Ти самиот себе си не се сакаш. Како тогаш да сакаш држава. Не е држава за секого. СИКТЕР ДОМА! За тебе е само ‘‘пусто Турско‘‘ ( фраза од народот /забелешка на авторот). МРШ!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)