Ибрахими: Идејата за премиер Албанец е флоскула и тоа нема да се оствари

13

„Идејата за Албанец премиер е една флоскула или како што реков една неокомунистичка идеја, како што ние повозрасните го видовме тоа во комунизмот. Имавме претседатл на Федеративна Југославија Г-динот Синан Хасани и истата ролја или истиот атрибут сега ќе го има и оваа идеја. Идеја која нема да се оствари. Многу просто е, фундаментално. Али дојде во 2001 година со идејата на ослободување на Албанците и тој сиве овие 19 години вели дека Албанците ги ослободил и по 19 години да ни рече дека Албанец премиер ќе ја комплетира слободата на Албанците е анахроно и нема кохезија внатре идејата на слободата. Слободата на Албанците значи добробит, слободата на Албанците значи 300 илјади млади, тука да останат, а не да бегаат. Слободата на Албанците значи затворите да не се полни со Албанци. Слободата на Албанците значи да не бидат убиени стотици Албанци кои се убиени за овие 19 години и овој премиер Албанец кој има име, кој може да го предлложат две политички партии“, вели во дебатата Орхан Ибрахими од ДПА.