Ибрахимовиќ со легендарна изјава за новото засилување на Милан: Сега ќе бидеме двајца од кого ќе се плашат

26

Златан Ибрахимовиќ со два гола се врати во тимот на Милан по повредата. Неговиот тим славеше на гостувањето кај Каљари со 2:0, а стрелец на двата погодока беше Швеѓанецот, од кои едниот од пенал.

По мечот потврди дека добива партнер во нападот, а тоа е Марио Манџукиќ.

-Марио Манџукиќ потпиша договор и доаѓа во Милан. Сега ќе бидеме двајца од кои ќе се плашат противниците, вели Ибра.

Поранешниот напаѓач на Баерн, Атлетико Мадрид и Јувентус се враќа во Европа по една година помината во Катар. Се очекува тој да заигра во дресот на Милан следниот месец против Црвена Звезда во Лига Европа.