Избори во Бугарија: ГЕРБ со мала предност пред „Има таков народ“

15

По преброени 95,22 проценти од гласачките ливчиња, ГЕРБ води на предвремените парламентарни избори во Бугарија со освоени 23, 91 проценти од гласовите. Партијата на Бојко Борисов е во мала предност пред „Има таков народ“ (ИТН), на шоуменот Слави Трифонов која, според резултатите од изборната комисија, засега има освоено 23,66 проценти од гласовите.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) има добиено 13,63 проценти од гласовите, додека Демократска Бугарија 12,55 проценти.

Движењето за права и слободи (ДПС) освоиле 10,59 проценти проценти додека „Исправи се! Излези!“ – нов, левоцентристички сојуз, покренат од поранешниот народен правобранител Маја Манолова – 5,04 отсто од гласовите.

Во парламентот повторно влегуваат 6 партии, како и на претходните избори. За партијата на Бојко Борисов гласале 622 591 лице, за ИТН 616 076, за БСП 354 937, за ДБ 326 73, за ДПС 275.760 и за ИСМВ 131 371.