ИЗБОРИ 2024/ ДУИ: Бујар Османи е првиот потврден кандидат за Претседател на државата

2

Денот по утрото се познава!

Демократската унија за интеграција е задоволна и благодарна за масовниот одзив на граѓаните во поддршка на кандидатурата на др. Бујар Османи за Претседател на нашата земја.

Од вчера, др. Бујар Османи е првиот и засега единствен официјален Претседателски кандидат за изборите на 24 Април.

Собирањето потписи се одвиваше согласно предвидената динамика на републичкиот изборен штаб и по успешното завршување на процесот, ДУИ и др. Бујар Османи ќе се фокусираат на претставување на нашите идеи пред граѓаните за кои што сме убедени дека ќе бидат прифатени и поддржани.

Како што веќе јавноста знае, прогресивната идејата на лидерот Али Ахмети е Претседателот на државата да се избира во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтер.

Дво третинско мнозинство за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус со над 80 гласови во Собранието.

Додека со Бадинтерово мнозинство за да се обезбеди и етнички консензус за да се спречи етничко надгласување и наметнување на вољата само на двете поголеми македонски политички партии.

Ова ќе обозможи Претседател со целосен легимитет, заштеда на над 20 милиони евра во државата, десетици иљади граѓани ќе се поштедат од процесот на собирање потписи, сите граѓани истотака ќе бидат поштедени од кампањата и учеството на изборите за протоколарна функција.

Идејата потекнува уште пд 2009 година, когс лидерот Али Ахмети на Вториот Изборен Конгрес на Демократската Унија за Интеграција во Скопје ги наброи 12 позиции, тогаш недостижни за Албанците, меѓу кои и Претседател на државата.

Од тогаш, оваа прогресивна идеја ја имаме во сите наши изборни програми и ја реализираме чекор по чекор.

Ни требаат сите гласови, и на Албанците и на Македонците и на сите други, за да ни се овозможи да го измениме Уставот, истовремено и за изборот на Претседателот и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство и да продолжиме одлучно кон ЕУ.

Граѓаните треба да го концентрираат својот глас за најсилната Албанска партија при што ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мулти-религиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион.

Демократска унија за интеграција