Изборна географија во согласност со демографско-етничката карта

35

Ако не на следните избори, затоа што се бара повеќе време и подготовка, тогаш после четири години Северна Македонија треба секако да има поинакво лице, по европско во однос на управувањето со територијата, за поделба во осум региони, каде економскиот и социјалниот развој ќе ги следи ритмовите и барањата на локалното население и врз оваа поделба ќе може да се проектира и новата изборна карта

Емин АЗЕМИ

Идниот општ национален план треба да ја подели Северна Македонија во осум развојни региони, каде секој регион ќе има посебни специфики и очекувања на обработката на проектите со директно влијание врз целокупниот живот на населението.

Врз оваа карта на регионализација, треба да се подготвува и следниот изборен модел, кој секако треба да биде одразување на рамноправен економски и социјален развој како и на географијата и демографијата на целата територија на државата.

Македонија со осум изборни единици и со отворени листи за пратеници и општински советници,има идеални шанси да ги зафати современите трендови на политичкиот и економскиот развој, каде моќта на гласот ќе биде во кохезија со економијата, демографијата, образованието, професионализацијата на населените места.

Доколку се избегнува сегашниот модел (калап) со шест изборни единици и затворени списоци, каде не секогаш, бројот на пратениците кореспондира со демографската и етничката структура на населението, тогаш можноста за повторно враќање на моќта на одлучувањето кај гласачот ќе биде многу пореална шанса.

Досега не се водеше многу сметка за пропорционален и рамноправен регионален развој, каде локалното население во општините не се третирало подеднакво во проекциите на државниот буџет и поради тоа, општинските каси, заради неправедните фискални политики, немале можност да ги исполнуваат непосредните барања за локален развој. Тоа и поради недостаток на политичко управување на територијата (или некои од нејзините делови), од страна на владините претставници од албанска етничка припадност, но и поради скриена економска политика на македонските премиери и нивните советници, каде во повеќето од случаите, етничкиот македонски интерес ги детерминирал некои вектори за развојот во централниот и источниот дел на земјата.

Кога сме кај професионалното управување на природните ресурси кои се наоѓаат во деловите населени со Албанци, досега албанските политички партии не успеаја да подготват детални студиски планови за одредени подземни богатства што се наоѓаат во одредени области, како што е на пример, рудникот на Лојане, богат со антимон, потоа рудникот на Радуша богат со цинк и железо (со над 500 вработени до 1994 година), но и некои други локации со природни ресурси кои во моментов не се во функција. Доколку овие природни ресурси би се третирале на професионален начин, преку партнерства со домашните и меѓународните компании,сигурно дека би создавале солидна благосостојба за локалното население и никој не би помислил да бара вработување некаде надвор, во странство во Европа.

Како последица на нерамномерен развој на регионите во Северна Македонија, не ретко во минатото се случило да финансиските политики и инвестиционите проекции да следат многу неприродни трендови и во не склад со виталните интереси на локалното население.
Така, на пример, во Програмата за финансиска поддршка на рурален развој во 2018 година, беа понудени повеќе инвестиции во три главни мерки, како што се: „Подобрување на квалитетот на животот во руралните населби“, „Реконструкција и развојот на селата“, како и “Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните краишта”. Сите овие мерки беа посветени на различните капитални инвестиции во руралната инфраструктура, додека средствата за подобрување на патиштата кон полињата, односно до плодните земјишта, ги искористија општините Кратово, Вевчани, Пласница, Босилово, Зрновци, Кочани, Дебарце, Василево и Градско.

Подобрувањето на квалитетот на животот во руралните населби би било основен предуслов да луѓето да не ги напуштаат родните места, додека Програмата за финансиска поддршка за рурален развој е размислен да биде најсоодветна терапија, овие населени места да започнат да размислуваат за изнаоѓање на потребните ресурси што ќе обезбедува благосостојба и просперитет. Меѓутоа, на оваа Програма и недостасува чувството за да се биде рамноправен, затоа што во него недостасуваат албанските населени места.

Во Полошко, Липково, Арачиново, Радуша, во охридскиот басен, потоа во албанските села на Пелагонија и др., како што може да се гледа, се уште не пристигна Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Но, изненадувачки, пристигна во една македонска етничка оаза – во Вевчани, место на карневали и циркуси. На нив не им е јасно зошто реконструкцијата и развојот на селата има само македонска адреса, ќе треба да знаат дека изворот на тоа лежи во не дефинирањето на севкупен Национален план во Северна Македонија, каде недостасува регионална поделба на територијата и над тоа и нејасна дефинирање и на изборната географија, која, во моментов, е асиметрична и во интерес на македонската етничка припадност. Затоа, ако не на претстојните избори, бидејќи се бара повеќе време и подготовка, тогаш после четири години, Северна Македонија треба да има секако поинакво, по европско лице во однос на управувањето со територијата, за поделба во осум региони, каде економскиот и социјалниот развој би се следел си ритмовите и барањата на локалното население и врз оваа поделба би можело да се проектира новата изборна карта.
Државата на иднината, која утре ќе биде дел од НАТО и ЕУ, не смее да гази со калливи опинци од осамените македонски села, каде што само старците го запоставуваат, а се прават како му помагаат на руралниот развој, а во меѓувреме младите Албанци во Западна и Северозападна Македонија, ниту слушнале ниту за „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните области“. Во Источна Македонија, старците ги чуваат напуштените села од нивните синови директори и службеници во Скопје, а во меѓувреме во Западна Македонија, мнозинството од младите Албанци живеат со финансиска солидарност на нивните чичковци и вујковци на печалба.

Програмата за финансиска поддршка за рурален развој треба да биде сеопфатна,меѓутоа тоа не може да се направи доколку во идните измени во изборниот модел не се интегрира и изборната моќ на Албанците, кои во моментов, се најголеми регрути на работната сила, но и по потенцијални кандидати за да станат идни печалбари.