Из­бор­ни­от штаб на Трамп нема да им издава акредитации на новинарите од Блумберг

10

Пре­диз­бор­ни­от штаб на американскиот претседател Доналд Трамп објави синоќа дека не­ма повеќе да им издава акредитации на новинарите на Блумберг њуз, агенцијата во сопс­тве­ност на потенцијалниот демократски претседателски кандидат Мајкл Блумберг.

Но­вин­ска­та агенција Блумберг њуз по формалната објава на кандидатурата на Мајкл Блум­берг објави дека нема повеќе критички да ги следи демократските претседателски кан­ди­да­ти, но дека ќе ја следи кампањата на Трамп.

Со акредитација новинарите можат полесно да пристапат до предизборните собири и дру­ги настани во рамки на кампањата за претседателските избори кои ќе се одржат во но­ем­ври 2020.

Обич­ни­те граѓани мора да купат билет и да чекаат во долги редови за да дојдат на пре­диз­бо­рен собир.

„Би­деј­ќи отворено ја покажаа својата пристрасност, штабот на Трамп повеќе нема да им из­да­ва акредитации на претставниците на Блумберг њуз за предизборните собири и дру­ги­те настани во кампањата“, изјави шефот на Трамповиот предизборен штаб Бред Пар­скејл.

„Ќе одлучиме дали ќе одговараме на поединечни новинари или ќе одговараме на пра­ша­ња­та на Блумберг њуз поединечно за секој случај“, додаде тој.

Ми­ли­јар­де­рот Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, објави на крајот на ноември де­ка влегува во трката за номинација за претседателски кандидат на демократите и така се придружи на долгата листа на кандидати.

Се­дум­де­се­тго­диш­ни­от Блумберг, еден од најбогатите Американци, целосно го смени мис­ле­ње­то од март кога кажа дека нема да се натпреварува.

Блум­берг, кого Форбс го стави на осмото место на листата на најбогати Американци со про­це­на дека „тежи“ 53,4 милијарди долари, може самиот да ја финансира кампањата и да потроши милиони долари на огласување и вработување луѓе во својата кампања.

Во кампањата тргна додека двајцата кандидати со најголеми шанси за освојување на пре­тсе­да­тел­ска­та номинација, Берни Сандерс и Елизабет Ворен, удираат по милијардерите и ветуваат наметнување нови даноци за супербогатите.