Избор на казна за неносење на маска во Џакарта: Една минута во мртовечки ковчег или 14 евра

22

Луѓето кои одбиваат да носат маска, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот во Џакарта, Индонезија имаат избор – или ќе платат парична казна или една минута да лежат во мртовечки сандак.

Во оваа островска земја, изминативе денови дневниот број на новозаразени лица надминува илјада, соопштија официјални лица.

Некои луѓе избираат ковчег затоа што немаат пари да платат. Казната изнесува околу 14,35 евра. Во Индонезија досега се регистрирани над 180.000 заразени лица со Ковид-19 и повеќе од 7.600 смртни случаи.