Извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија

13

Во комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ се оддржа извлекувањето на двојките за осминафиналните натпревари од Купот на Македонија. Во оваа фаза од најмасовното натпреварување влегоа и екипите на Шкендија, Академија Пандев, Брегалница иСтруга Трим Љум (ослободени во првото коло), а ждребката донесе неколку интересни пресметки.

Осминафинални парови во Купот на Македонија:

Академија Пандев – Вардар

Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Струга Трим Љум – Работнички

Брегалница – Беласица

Ренова – Пелистер

Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.