Извори од ЕК за Бета: Првите проекти од економскиот пакет за Западен Балкан кон крајот на декември

13

Европската комисија очекува дека на крајот на декември ќе бидат одобрени првите проекти од економскиот и инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан, а тоа ќе биде дел од една милијарда и сто милиони евра за оваа година од вкупно девет милијарди евра до 2027, заедно со мерките, до тој рок, да се привлечат уште дваесет милијарди евра средства од финансиските организации и приватниот капитал.

Како што пренесува Н1 повикувајќи се на агенцијата Бета која цитира извори од Европската комисија (ЕК), некои проекти од Западен Балкан веќе пристигнале во Брисел и секој од проектите, кои мора да бидат „многу темелно подготвени“, ќе се разгледуваат поединечно.

До крајот на декември треба да биде ставен на располагање Фондот за претпристапна помош ИПА III на ЕУ од вкупно девет милијарди евра, одобрен за периодот 2021-2027 година, со кој ќе се финансираат проекти од економскиот и инвестицискиот пакет, во очекување на дополнителни средства од уште 20 милијарди евра.

Пакетот на ЕУ, кој беше усвоен во октомври 2020 година и кој треба да привлече значителни приватни инвестиции, ги идентификува како приоритети развојот или реконструкцијата на главните патни и железнички врски, обновливите извори на енергија и преминот од јаглен кон други извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на ефект на стаклена градина, управување со отпад и отпадни води и воведување на широкопојасен интернет.

Според претставниците на ЕК, особено е важно „Западен Балкан да ги постигне климатските цели на ЕУ и да ги усвои енергетските и климатските аспирации на Унијата за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55% до крајот на оваа деценија, што бара фундаментални трансформации“.

За таа цел, ќе се обезбедат прецизни финансиски средства за тешки предизвици како што се напуштање на јагленот во производството на енергија, зголемена невработеност, нарушувања на пазарот на труд, воведување даноци за увозни стоки и електрична енергија произведена под „зелените стандарди“ на ЕУ.

Воспоставен е и Акцискиот план на ЕУ за зелениот план, кој мора да го постигнат партнерите од Западен Балкан до крајот на 2024 година, чии елементи се радикално намалување на штетните гасови, кружна економија, чистење на природната средина, одржливо земјоделство и заштита на природата и разни видови растенија и животни.

ЕК во средата соопшти дека до 2027 година ќе инвестира 300 милијарди евра во изградба на меѓународна инфраструктура „Глобален пат“ и поврзување преку паметни, чисти и безбедни дигитални, енергетски и транспортни мрежи и зајакнување на здравствените, образовните и истражувачките системи во светот.

„Глобалниот пат“, во кој ќе бидат вклучени земјите од Западен Балкан, како што е наведено, ЕУ на партнерите ќе им понуди не само сигурни финансиски услови преку грантови, поволни заеми, како и буџетски гаранции за намалување на ризикот од инвестиции, туку ќе се воспостават највисоките стандарди за заштита на животната средина, социјално и стратегиско управување, со почитување на европските вредности и правила.