Изгубил контрола и излетал од коловозот во Кавадарци (ФОТО)

9

Синоќа на улицата „Пионерска“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која А.Ѓ. (26), од село Ваташа, кој управувал патничко возило „бмв“, со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.


Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на незгодата.