Излегоа првите владини уредби и одлуки по прогласувањето вонредна состојба

15

Првите владини уредби со законска сила излегоа во „Службен весник“ со број 70 од 19.3.2020 година, по прогласувањето вонредна состојба и извршната власт доби мандат на законодавна.

Четирите Уредби со сила на закон кои од синоќа стапија на сила се однесуваат на:

-примена на Законот за вештачење за време на вонредна состојба, примена на Законот за правосуден испит за време на вонредна состојба, примена на Законот за медијација за време на вонредна состојба, примена на Законот за нотирајат за време на вонредна состојба.

Во сите четири закони измените што привремено ги носи Владата се од техничка природа. За време на вонредната состојба, се одлага полагањето на испитите за вештаци, за нотари, за медијатори и правосудниот испит.

Исто така стапуваат на сила и одлуките кои се однесуваат на заштита од вирусот Ковид-19, ограничување на извозот на пченица, забрана за продажба на одделни деривати и одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и мало.