Самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, насловена „Пикасо можеби јас“, ќе биде отворена вечер во 20 часот во Уметничката галерија при НУ Музеј-Куманово, информираа денеска од галеријата.
На изложбата ќе бидат претставеи десет скулптури (портрети) изработени во керамика, инспирирани од делата на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, како и легенди на делата на кои ќе бидат претставени репродукции од оригиналните дела на Пикасо, од кој се инспирира уметникот.