Изминатото деноноќие 385 казни за неносење маски

5

Во изминатото деноноќие на територијата на цела држава, регистрирани се 385 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.