„Изморени од борбата со Ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од Клинички центар“, вели Филипче

52

На новинарско прашање околу заминувања на одредени доктори од Државната болница, министерот Венко Филипче истакна дека тоа се должи на премореноста од борбата со Ковид-19.

„Изморени од борбата со Ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника“, рече Филипче.

Тој најави дека сестрите кои минатиот викенд најавија заминување, сега потврдиле одење во приватни клиники. Филипче исто така напомена дека на нивно место доаѓаат нивни колеги.