Израелската армија изгубила 200 војници во копнените операции во Газа

17

Израелската армија синоќа соопшти дека загубила 200 луѓе за време на копнените операции против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.

Тие операции започнаа на крајот на октомври.

-Бројот на војници кои паднаа во Газа од 27 октомври е 200, изјави неименуван израелски воен претставник, пренесе Бета.

Операцијата беше започната како одговор на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.