Илон Маск искрено: Страдам од Аспергеров синдром ВИДЕО

10

Eден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск, беше гостин-домаќин во американското телевизиско шоу „Сатердеј најт лајв“, и во таа пригода откри дека боледува од Аспергеров синдром.

Тој откри дека ја има оваа состојба, што е форма на аутизам, објаснувајќи дека има тешкотии да ги натера луѓето да веруваат дека мисли на она што го зборува.

Станува збор за нарушување од аутистички спектар, кое се карактеризира со тешкотии во социјалната интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности.

Аспергеровиот синдром се разликува од преостанатите нарушувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застој во јазичниот и когнитивниот развој. Сепак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.

Синдромот го добил името по австрискиот педијатар, Ханс Аспергер, кој во 1944 година ги опишал децата кои очигледно имаат нормална интелигенција, но им недостига вештина за невербална комуникација, физички се несмасни и не покажуваат емпатија.

Магазинот „Форбс“ го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари. Најголемиот дел од своето богатство го искористи со ко-сопственост на „Тесла“ и целосна сопственост на „Спејс Икс.“