Именуваните државни функционери одат на минималец, не и јавната администрација

17

 

Претседателот на Влада притоа потенцира дека таков надомест нема да земаат претседатели и членови на управни и надзорни одбори кои, истовремено, остваруваат приходи од друго место, како и дека мерката не се однесува на вработените во јавната администрација.

Со оваа мерка, прецизираше, се опфатени претседателот на државата, претседателот на Собранието, пратениците, претседателот на Владата, сите министри, заменици министри државни секретари, директори на државни институции, градоначалници и сите други именувани лица на национално и на локално ниво.

„Сите избрани и именувани функцонери, од претседателот, па до најниско ниво директори на државно и локално ниво, ќе одат на минимална плата затоа што сметаме и јас и Владата дека ако треба да направиме солидаризирање тогаш ние треба тоа да го направиме први. И јас како претседател на Владата, и министрите и замнеииците министри, и државните секретари, и пратениците и директорите и градоначалниците. Сите до еден треба да ја покажеме солидарноста“, рече премиерот Спасовски.

Тој во обраќањето пред јавноста рече дека мерките се креирани во консултација со членовите на економскиот Совет и низ разговари со деловната заедница преку стопанските комори, како и со академската заедница и стопанственици од реалниот сектор.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на различните ставови на СДСМ чиј лидер побара намалување на платата на амдминистрацијата и на ДУИ кои беа против тоа, Спасовски истакна дека при носење на одлуката не биле соочувани аргументи на партиите, туку аргументи на бројките и анализите.

„Затоа сметавме дека првин функционерите мора да ја понесат таа одговорност и солидарност. Апсолутно не станува збор за добивање битка. Ако некој смета дека во услови на криза може да добие битки многу се лаже и многу греши“, нагласи Спасовски.

Министерот за економија Крешник Бектеши, потенцираше дека сме во кризна ситуација и оти нема победници во склоп на Владата.

„Имаме одлични односи во Владата, како ДУИ сме го кажале нашиот став како и сите други партии. Како економски тим на Владата предводена од премиерот Спасовски сме ги зеле предвид сите предлози на политочките партии, стопанските комори, граѓанските организации и граѓаните со цел да креираме што подобри мерки за да воиајеме како држава за да не се изгубат работни места“, рече Бектеши.

Дел од мерките што ги претстави Спасовски се однесува и на финансиска поддршка за претпријатијата за исплата на плати за вработените во висина од 14.500 денари. Минимална плата за април и мај ќе биде обезбедена и за спортските работници, за медиумските работници, за самостојните уметници, како и придонесите на плата, а 50 проценти од висината на просечната плата ќе биде обезбедена за граѓаните кои останале без работа.