Инаугурација во Загреб, Милановиќ ќе стане петтиот хрватски претседател

7

Зоран Милановиќ денеска ќе биде инаугуриран како претседател на Хрватска.Тој ќе ја наследи Колинда Грабар-Китаровиќ и ќе стане петтиот претседател на Хрватска.

Претседателската инаугурација ќе се одржи на Пантовчак во 12 часот, место на Марков плоштад како што беше обичај досега и со најмал број гости.

На свеченоста се повикани 43 лица во три категории – функционери, вклучително и двајца поранешни претседатели Стјепан Месиќ и Иво Јосиповиќ.Претходно беше објавено дека инаугурацијата ќе започне со изведбата на хрватската химна испеана од Јосипа Лисац.

Милановиќ беше избран на функцијата на 5 јануари 2020 година, откако во вториот круг од претседателските избори ја победи актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.