Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го анализираше првиот пораз на неговите избраници во тековната сезона.
„Нероазурите“ синоќа загубија на домашен терен од Сасуоло со 1:2, иако на полувреме водеа со 1:0.
– Имавме добро прво полувреме против силен тим во добра форма. Требаше да постигнеме повеќе од еден гол со оглед на шансите што ги создадовме. Второто полувреме го започнавме добро, но погрешивме што доведе до 1:1, а потоа нашите акции го загубија ритамот. Престанавме да ја одржуваме предноста, а Берарди постигна магичен гол и го загубивме натпреварот. Кога ќе почнете да играте неорганизирано против тим како Сасуоло, станува многу тешко. Знаеме кој е Берарди. Тој е неверојатно талентиран и постигна неверојатен гол. Теков не се гледа често. После тоа, не можевме да создадеме толку многу шанси како претходно, изјави Инзаги за „DAZN“.
По шест кола во италијанската Серија А, Интер и Милан се водечки во поредокот со по 15 бодови.