Интелектуална „етничка припадност“?

31

Аделина МАРКУ

И за мене е нејасно дали сум уморна или сита од истите теми во оваа држава, дури и ако првиот или вториот да се, ниту една не зборува за добро, затоа што зборува за предавање. Не зборувам за предавање во смисла на заминување од земјата или оставање на апатија во општествените текови тука, но зборувам за интелектуално предавање. Не подалеку од вчера се прашувавме,каква улога имавме ние, каква мисија ја исполнивме, колку значајно беше нашето присуство во ова отпорно општество (парадоксално отпорно, дури и вампирски отпорно) кон здравото интелектуално мислење?

Дилемата е од капитална природа, дури е многу чувствителна, бидејќи политичкото донесување на одлуките, не ги правиме ние интелектуалците и вистината зборува дека, не сум сигурна колку му помагаме (ние не мериме, потоа и културата на благодарноста се уште ја имаме далечна!), но можеби ја држиме живот едно мислење, една мисла, една вознемирување за тоа како треба да оди напред здравиот пат за ова општество! Пишувано, за нас што пишуваме, се однесува заправо со тоа, со интелектуалната кондиција и со нашето внатрешно иселување, за да му дадеме либидо на мислењето за добар пат во општество. За нас, тоа – значи мислата, е како лебот и воздухот! Честопати остануваме без пари во џебовите, затоа што можеме и без нив! Колку да тоа звучи анахроно, па дури и патетично, за жал можеме и без нив! Но, нејсе.

Тука кај нас и ние интелектуалците, исто како и политичките партии, сме поделени во етнички табори (групи)! Секако, очекувано, колку што не сакам да направам синтеза или анализа, колку органски би држало оваа етничка поделба на интелектуалната мисла помеѓу интелектуалците во едно општество, економски унапредено, но и во однос на либералната мисла! Можеби, можеби (хм, површно ја тресам оваа констатација), либерализмот би барал ЕДЕН здрав интелигентен табор, тој на „етничка“ интелектуална припадност, што би го нарекол! Но не, и ова тука е поделено, дури и грубо поделено! Уште полошо, меѓу етничките табори – секако тие македонските повеќе (и тоа веќе треба да се каже отворено), има и интелектуалци кои промовираат протофашистичко мислење кон чувствителноста на културниот идентитет на другиот, на Албанците во овој случај! И токму нивниот глуп отпор (колку галактички глупо и само уништувачки во суштина), но и со фатални општествени последици – направи да се заситам, смирувам, заморувам од нивен примитивен отпор кон емоциите и афирмативните културни кодови на другиот (законот за албанскиот јазик на пр.), кои се од витална природа за развојот на либерална демократија во земјава! Значи, овој глупав отпор на оваа група на македонските интелектуалци (и за волја на вистината, гледам дека полека се повлекува, се намалува!), навистина ме убедува дека нивната улога, било тие што промовираат фашизам, комунизам, либерализам итн., има огромно влијание во општество! После силната дебата во земјава за препораките на Венецијанската комисија за законот за јазичните политики, забележав дека некои македонски интелектуалци претпочитаа да молчат, наместо да реагираат! Прво, јасно кажано, не е национализам политика кон јазичната еднаквост, право на другиот да зборува, да афирмира и да го издигнува себеси преку духот на мајчиниот јазик! Второ, многу македонски интелектуалци кои во молк го прифатија оваа право (која бара несомнено да се унапредува и понатака) и не реагираа афирмативно кон тоа, всушност покажаа колку е лажен го имаат концептот на либералната идеја за општеството. Дали сум имала различно очекување? Јас не, но многу млади албански интелектуалци, од генерацијата на ’85 – ’90 години, верувале во тако нешто. Мојата генерација пораснала меѓу боледувани хегемони, меѓу македонските интелектуалци кои отсекогаш ја играле улога на жртва или на тој што ја тероризира културата на другиот. Тие во суштина сториле така две тешки повреди, ме повредија и во рамките на мојата слобода да ја афирмирам мојот јазик и култура, туку и сами се повредиле, затоа што не беа свесни колку е убиствена лажната либерална совест… Затоа што, таа во суштина е протофашистичка!

Дали победивме ние или тие? Еј, ова прашање секако е банално, особено за еден интелектуалец, но мојата ситост, замор, успокојување и на моите пријатели интелектуалци е објективна во суштина, бидејќи сме многу потрошени во тавтологии од оваа природа! Па така, ние влегуваме во нова фаза на ова општество. И тоа што треба да се направи е да го подготвиме себеси, поинаку! Секако дека јас не очекувам распаѓање на прогресивно интелектуално размислување тука, ниту некаква интелектуална етничка припадност (ова очекување би било цинично, дури и смешно), затоа што тука се уште ќе продолжат калкулациите на политичките партии и во името на опстанокот на државата и неговата географија, но во однос со новите предизвици на интелектуалецот денеска, секако нему / нејзе од сите етникуми тука. Полека сме во пресрет на 2020 година, економски истоштени и примитивни и протофашисти и малку либерали во смисла на се интелектуалната солидарност кон општествениот напредок тука, би направил добро да ја започнам прва предизвикот на ова ново поглавје во државава, со цел да го спречиме на време интелектуалниот протофашизам. А предизвикот вели дека… наскоро ќе имаме не македонски претседател или претседателка тука, не македонски премиер или премиерка, тука. Тоа да не биде веќе изненадување! Државата се приклучува кон НАТО и нејзината географија и целина станува прашање на стратешки кредибилитет и тоа е геополитичко достигнување од капитални размери, затоа… наместо на протофашизам на етнички национализам, повикувам на нешто ново и што се нарекува ВРЕМЕ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ. Се друго и поинаку ќе генерира повторно меѓуетничка синергија секако – но не од типот на компромис за развој, затоа што, за разлика од тоа – ќе биде смртоносен и како последица, сиромаштијата овој пат! Подготви се на време!