Интерактивна дебата „Зборовите како уметност“ ќе се одржи денеска во „EU House“ во Скопје на која панелистите ќе разгледаат различни перспективи за употребата на зборовите како уметност.
-Ќе учествуваат професионалци кои секојдневно ги користат зборовите во културата и уметноста. Преку дискусии за нивните вештини за збор/јазик, широката дебата на крајот ќе има цел да сподели гледишта за тоа како најдобро да се надминат проблемите во комуникацијата засновани на јазикот, соопштија организаторите.
Најавено е учество на амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, писателите Дејан Дуковски, Владимир Мартиновски, Јосип Коцев, Симона Јованоска, новинарот Ѕвездан Георгиевски, психологот Радмила Живановиќ, кустосот Дијана Томик-Радевска и уметници кои учествуваат на изложбата во резиденцијата на ЕУ