Инфлацијата во Турција на највисоко ниво во последните две децении – во јануари беше 48,69 отсто

4

Ифлацијата во Турција во јануари беше 48,69 отсто, што ја означува највисоката стапка на инфлација од средината на 2002 година, непосредно пред доаѓањето на власт на владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави ДПА.

Оваа инфлација е резултат на поскапувањата на струјата, природниот гас и патарините на почетокот на оваа година.

Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) соопшти дека инфлацијата во јануари е зголемена за 11,1 отсто во споредба со претходниот месец, пренесе ДПА.

Производните цени, исто така, значително се зголемени, при што годишната инфлација минатиот месец изнесуваше 93,53 отсто, соопшти Турк Стат.

Транспортот, храната и опремата за домаќинството се меѓу ставките што забележаа најголеми зголемувања од година во година, соопшти Институтот.

Турската економија веќе со месеци наназад се бори со падот на вредноста на националната валута – лирата, високата невработеност и покачувањето на цените, што, исто така, носи големи оптоварувања за домаќинствата.

Турската централна банка дозволи неверојатни 500 поени намалување на клучните каматни стапки и покрај високата инфлација во текот на 2021 година, со што ја турна лирата на рекордно ниско ниво.