Иранскиот врховен командант: Не се плашиме, имаме моќ да ја разбиеме Америка!

4

Врховниот ирански командант изјави денес дека Иран не се движи кон војна, но исто така и дека не се плаши од било каков конфликт.

Оваа изјава следува после жестоките обвинувања на САД и американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран стои зад анти-американските протести во Ирак и нападот на американската амбасада во Багдад.

„Ние не ја водиме земјата во војна, но не се плашиме од ниту една војна и им кажуваме на Американците коректно да разговараат со иранската нација. Имаме моќ да ги разбиеме повеќе пати и не сме загрижени“, изјави командантот на Револуционерната гарда, генерал Хосеин Салами.

Трамп во вторникот ги обвини Иранците за организирање на демонстрациите пред американската амбасада во Багдад и се закани дека Техеран ќе биде одговорен за се што ќе се случи таму.

Иранските власти веднаш ги отфрлија обвинувањата на САД.