Иранскиот претседател нема да ја посети Турција

2

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси нема да ја посети Турција денеска, соопштено е во Анкара, без да се прецизира дали неговата посета е откажана или одложена, пренесе Бета.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно, во средината на ноември, дека Раиси денеска ќе ја посети Турција.

Ердоган тогаш не кажа дали тема на нивната средба ќе биде да разговараат за заеднички став во врска со војната во Газа.