Ирачки демонстранти го запалиле конзулатот на Иран

25

Ирачки антивладини демонстранти ја запалиле зградата на конзулатот на Иран во светиот шиитски град Наџаф во јужен Ирак.

Во спречувањето на пробивот на демонстрантите во конзултатот полицијата употребила боеви куршуми при што биле ранети околу 30 луѓе. Вработените во конзулатот неповредни побегле од зградата. Веќе два месеца Ирак минува низ најтешката социјална криза во изминативе децении. Демонстрациите почнаа против корупцијата и високата стапка на невработеност.