Истрага за смртта на Марадона, медицинска сестра одлучила да признае се на полицијата?!

16

Смртта на Марадона ќе се истражува. Покрената е истрага, пишуваат аргентинските медиуми. Причината е тоа што поради направената операција поради крварење на мозокот, десетина дена претходно, Марадона бил под постојан надзор на доктор и медицинска сестра. Наводно дента кога починал не го провериле, односно не извршиле визита дури 12 часа.

Една медицинска сестра чие име не се открива, во куќата на Марадона била во 6:30 часот утрото. Го посетила и се буило во ред. Меѓутоа се испоставило дека таа не ја кажува вистината. Аргентински медиум „Кларин“ објави дека сестрата признала во полиција дека лажела за времето кога го посетила Марадона.

Наводно сестрата слушнала гласови од собата на Марадона во 7:30 часот, но не отишла таму да види за што станува збор, а тоа не го навела во извештајот. Дури неколку часа подоцна отишла во собата и сфатила дека Марадона починал. Воедно при повторниот исказ рекла дека некој и кажал што треба да кажена полицијата, но одлучила да ја открие целата вистина.

Исто така се појавија информации дека на итната медицинска помош и биле потребни цели 30 минути да стигне, но истрагата покажува дека тие пристигнале 11 минути по повикот.