Редовното внесување на витамин Д и омега-3 го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе, до тој степен што може да им помогне да не се заразат со коронавирус, покажа новото истражување на Универзитетот во Цирих, Швајцарија.
Научниот труд посочува дека земањето на намирници кои се богати со омега-3 значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку се појави болеста, лицето има многу поголеми шанси за закрепнување.
Проф. Хајке Бишоф-Ферари, кој ја водеше студијата, истакна оти земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе.
„Нашето истражување покажува дека витаминот Д и омега-3 киселините кај лица со над 70 години, кои водат активен живот и немаат истовремено други болести, немаат „истрошени“ коски, проблеми со помнењето, се делотворни. Веруваме дека тоа има добро влијание при зарази, како што е COVID-19, вели професорот.
Во испитувањето беа вклучени 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години.