Италија назначува специјален комесар за кризата предизвикана од сушата

0

Италијанската влада најави дека ќе назначи специјален комесар за решавање на кризата предизвикана од сушата, како и работна група составена од службеници од различни министерства. Италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини рече дека неговиот кабинет одобрил декрети со кои се предвидува комесарот да ги координира активностите за намалување на потрошувачката на вода во земјата и одржување и подобрување на инфраструктурата за вода.

Салвини рече и дека заедничките бирократски процедури ќе бидат поедноставени, со цел да се олесни справувањето со итните интервенции поврзани со сушата.

Минатото лето беше прогласена вонредна состојба во земјоделските области околу реката По на север во државата.