Италија со нови 1.210 случаи на коронавирусот, најмногу во три месеца

22

Италија во неделата објави дека во последното деноноќие регистрирала 1.210 нови случаи на зараза со коронавирусот, со што го забележа најголемиот дневен раст во повеќе од последните три месеца.

Со податоци од последните 24 часа, вкупниот број на заразени во Италија од почетокот на епидемијата изнесува 259.345 лица, а со седумте нови смртни случаи, вкупниот број починати се зголеми на 35.437 луѓе.

Италија беше првата и најпогодената западноеврпска зема во пандемијата, и по тешката здравствено-епидемиолошка ситуација во март и април со месеци имаше подобри податоци од другите европски земји. Кон средината на јули двениот број на заразите падна на 114, но потоа повторно се јави раст на преносот на коронаинфекциите, за што според реакциите во јавноста причина е слабото почитување на прописите за физичко растојание и носењето маски во популарните летувалишта.

Со новиот раст на заразите расте и загриженоста поради ризикот од нови мерки за затворање и потенцијалните проблеми со планираното отворање на училиштата во септември.

„Јас сум оптимист, иако внимателен. Нашиот национален здравствен систем е многу посилен… Не може да се направи споредба со ситуацијата во февраури и март кога кривата на заразата беше вон контрола и немавме систем подготвен за следење и изолирање на случаите“, вели во интервјуто за весникот Lа Stampa, италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Регионите Лацио и Ломбардија во неделата забележале најмногу нови случаи на коронавирусот. Околу 60 отсто од новите зарази се ткн „увезени случаи“, а се однесуваат на лицата кои се враќаат од одмор од странство или од другите делови на Италија. Многу од нив се поврзани со Сардинија, која се јавува како ново жариште на коронавирусот.