ИЈЗ: Зголемување на заболени од Ковид за речиси 4%

4

2804 нови позитивни случаи на КОВИД 19 се регистрини минатата недела во Македонија што е зголемување за 3,7 проценти во споредба со претходните седум дена. Се зголемува и бројот на реинфекции на вирусот, па минатата недела по вторпат се заразиле 38 лица што е повеќе за 5,6 проценти во однос на претходната недела. Најмногу активни слуачи има во Скопје, Велес и Куманово, а во најголем пораст е заболувањето кај популацијата од 20 до 29 години

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=714, 25,5%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=94; 3,4%). Се забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 20-29 години, 11,4% повеќе во однос на претходната недела. Намалување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години и над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институот за јавно здравје.

Минтата недела од компликации предизвикани од вирусот починало 71 лице, што е за 8 помалку од прехдоните седум дена, но се спушта старосната граница на оние кои ја губат битката со болеста. Исто така, во поеридоот од 25 до 31 октомври, регистриран е и еден смртен исход кај пациент кој имал реинфекција со вирусот, со што вкупно има 7 починати од оние кои по вторпат се заразиле.

Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (18). Најголем број , 58 од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се 5 починати лица и кај возрасната група од 50-59 години , од 40-49 години-5, од 30-39 години 2 и од 10-19 години 1 лице, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 31 октомври две дози вакцина примиле 778.599, а трета доза 30.851 граѓани. Намногу вакцинирани има со Фајзер, а најмалку со Спутник. Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај популацијата над 18 години е 46,4%, а кај вкупното население 37,6 проценти.