И во Косово забележаната првата жртва од коронавирусот

4

Во Косово денес е забележена првата жртва од КОВИД-19. Станува збор за 82-годишен маж од Доњеница, Подујево, кој во 6-от ден од болеста бил примен во Клиниката. Пациентот страдал и од хронични заболувања на срцето и на белите дробови. Бројот на заразени во Косово достигна 31.

И во Босна во текот на последните 24 часови е потврден првиот смртен случај. Станува збор за жена која починала и без позитивен тест за коронавирус бидејќи страдала од хронично заболување. Досега во Босна има пријавено 90 случаи на заболени од КОВИД-19.

И покрај строгите мерки на Владата на Албанија, вкупниот број на заразени достигна 89, бидејќи во последните 24 часа беше соопштетно и за 13 нови случаи. Во исто време, излекуван е третиот пациент.

Ситуацијата во Шпанија станува сè позагрижувачка. Бројот на починати во последните 24 часа е 344 и го намдина бројот од претходниот ден, со што вкупниот број на починати се искачи на 1.725 година. Бројот на заболени е над 28.500.

Во Иран, вкупниот број на починати е 1.028, со 129 случаи регистрирани само во последните 24 часа.

Франција, исто така, објави голем број смртни случаи, со 112 за само еден ден.

Во Италија, која има најголем број жртви во светот, само супермаркетите и аптеките ќе останат отворени. Премиерот Џузепе Конте рече дека ова е најтешката криза која ја доживува земјата од Втората светска војна. Бројките покажуваат дека просечната старосна возраст на Италијанците кои умираат како резултат на Ковид-19 е околу 78 и пол години. Околу 99% од нив имале и претходно здравствени проблеми Бројот на починати таму достигна 4.825.

Германија објави 9 нови смртни случаи. Досега починаа 93 лица, а над 23 се заразени. Бројот на заболени е над 21.600. Турција потврди 12 нови починати. Инаку, низ целиот свет до денес има 315.000 заразени. Од нив околу 96.000 се излекувани, а починале над 13.500.