И Вулвс има добар мотив да изгуби од Ливерпул во недела

4

Диого Жота е причината поради која фудбалерите на Вулвс можеби нема да бидат мотивирани да одиграат на највисоко ниво против Ливерпул.

 

Според „Дејли Мејл“, во договорот меѓу Ливерпул и Вулвс за трансферот на Диого Жота има и клаузула за бонус ако црвените ја освојат Премиерлигата.

Ако Ливерпул станат шампиони, на сметката на Вулвс ќе легнат уште неколку милиони фунти поради таа клаузула. Тоа ја доведува во прашање мотивацијата со која ќе го играат мечот во недела.

Но, неодамна Мика Ричардс рече дека таква клаузула има и Астон Вила во договорот со Манчестер Сити за трансферот на Грилиш.

Ако Манчестер Сити ја освои титулата, Астон Вила ќе добие уште 15 милиони фунти како бонус за трансферот на Џек Грилиш.

Нејасно е дали ваквите информации се вистинити, но тоа можеби ќе се види во настапите на Вулвс и Астон Вила против Ливерпул односно Манчестер Сити во недела.