Со презентација на материјални докази, во Основниот суд Скопје продолжи судењето за предметот “Рекет”, во кој обвинети се Бојан Јовановски и поранешната шефица на СЈО Катица Јанева.
Во досегашниот дел од рочиштето беа прикажани фотографии од запленетата брендирана облека во домот на Јовановски, како и банкноти од странски валути.
Претрес бил извршен и во домот на Јовановски на улица “Варшавска”, каде што се најдени неколку пиштоли.
По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.