Кавани ќе си остане „ѓавол“ – ништо од доаѓање во Барса!

7

Уругвајската ѕвезда Единсон Кавани ќе си остане член на Манчестер јунајтед и во оваа сезона и покрај најавите за евентуална преселба на заем во Барселона, објави „гуруто за трансфери“ Фабрицио Романо.

Денеска се појавија информации дека Јунајтед ѝ го понудил Кавани на Барселона, откако го ангажираа Кристијано Роналдо, но проблемот со високата плата беше најголема пречка, но и самиот Уругваец не сакал ни да замине од „Олд Трафорд“.