Казнети 624 лица поради неносење маска

15

Во текот на последните 24 часа казнети се 624 лица поради неносење на маски на лицата заради заштита од корона вирусот. Полицијата соопштува дека казнува и лица кои не носат маски во автомобил, а немаат иста адреса на живеење.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија казнети се 624 лица кои биле затекнати без заштитни маски на лицето.

На територијата на Скопје како што претходно соопшти МВР, беа казнети 26 лица кои во возилата биле затекнати без заштитна маска на лицето, иако биле заедно со лица кои не се членови на семејство, односно не се лица кои живеат на иста адреса.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.