Казни за неносење маска за 706 лица, решенија за изолација за 274 граѓани
Министерството за внатрешни работи (МВР) во последните 24 часа на територијата на цела држава регистрира 706 случаи на непочитување на мерката за носење на заштитна маска која е во донесена во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.
Притоа од МВР информираат дека се издадени решенија за изолација на 274 лица, а 255 потпишале изјави за самоизолација.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се констатирани четири прекршувања на изречените мерки.