Какви привилегии ќе имаат вакцинираните во Германија?

8

На пат без карантин, на фризер без тестирање: Вакцинираните во Германија ќе имаат одредени привилегии

Германија планира да им овозможи на вакцинираните лица против Ковид-19 одредени привилегии во однос на невакцинираните, изјавил денеска министерот за здравство Јенс Шпан.

Тој навел дека вакцинираните лица ќе можат да патуваат без задолжителен карантин, да одат во фризерски салон и во продавница со минимални рестриктивни мерки, откако резултатите од новите истражувања покажуваат дека вакцинираните лица претставуваат мал ризик за пренесување на коронавирусот.

“Секој што е вакциниран може да оди на шопинг или на фризер без тестирање. Покрај тоа, резултатите од истражувањата на Институтот Роберт Кох покажуваат дека вакцинираните лица не мораат да одат во карантин”, нагласил Шпан.

Тој не објавил точен датум кога овие регулативи би можеле да стапат на сила, иако германските медиуми пишувале дека тоа би можело да се случи во наредните недели.