КАКО ДА НЕ ОТЕРАШ СЕ У ТРИ МАЈЧИНИ?

156

Единствената опасност во иднина ќе биде само евентуалниот пораз на избори на ДУИ од албанската опозиција. Тогаш се ке се распадне како кула од карти. И Груби –Муби и цела фудбалска постава. Јас само можам јавно ‘‘да му скинам капа‘‘ на Али Ахмети за политичката мудрост со која го води ДУИ. Маестро… а типови како Артан-Мартан, се политичко потрошен материјал

Oд Агим Јонуз
Ми се забележува дека моите јавни настапи се преполни со примитивизам, со псовки и вулгарни фрази. Посебно кај сите оние кои сметљат дека се ‘‘хафузи‘‘ и некакви верници а вмешани во политиката. Да бидеш во политика  и ‘‘хафуз‘‘ да бидеш е смешно.  А, секој втор е во тој филм. Кога некои поединци немаат контра аргументи или не им се допаѓа мојот муабет, злонамерно велат, ‘‘ а бе остај го пијан е‘‘. Арогантен е. Нивен проблем, ги поздравувам ‘‘трезните‘‘ психопати, ‘‘хафузи‘‘ и изгубени фигури во мелницата наречена ‘‘ јавен живот‘‘.  Можеби се, и ке останат забележани како јавни личности, но никогаш како господа, како фраери на своето време и позитивни мангупи. Нејсе! Туку, нешто се размислувам, за да не заборавам подоцна во колумната да спомнам, да кажам дека првата и веројатно најголема грешка што Македонија ја направи на почетокот, а сега влечеме последици, е тоа што не направи граѓански, а не национален устав. Се ќе беше поинаку. Комплекси на мали народи. Заспани на убаво маскиран примитивизам и на ниво на свест на ‘‘кубурата на појас, за да се најде за лоши времиња‘‘! Ако лошите времиња како што стои во народните преданија било оноа ‘‘ пусто Турско‘‘, успеавме самите да си произведеме  современ модел на ‘‘ и турско и каурско барабар‘‘. Зошто па само турското би било пусто,.. па и каурското се виде до кај не донесе. Во турското се знаело кој пие а кој плаќа, а во ова ‘‘и турско и каурско‘‘ не се знае ‘‘чиво дете од кој татко е‘‘, оти во државата камасутрата врз народот е доведена не само до совршенство, туку е и ‘‘ апдејтувана‘‘!Дегутантно е да се резимира дека народот е во очај и дека е несреќен. Тоа сме го повториле многу пати. Туку вечната актуелна тема е тоа што народот на никаков начин не реагира. А, не реагира затоа што е во затворен маѓепсан круг, кој вели дека оној што го вработил, треба да го јаде калапот а ти не смееш против него оти газот ти е продаден. И така, оној што на најнеспособен начин ти води политика и ти ветува убав живот, ти се смешка од телевизија и ти вика ‘‘ ич не се секирај, ке биде подобро‘‘! А ти како бел мајмун го гледаш, не можеш ништо против него зашто тој е ‘‘ државата‘‘, затоа што тој и да сакаш не можеш да го промениш. Пуштил корења и тенк не го мрда. Битно, животот тече, а ти како анестезиран мајмун голташ се, ама во себе кога остануваш сам, псуеш и мајка и шајка и се живо. Најбитно е дека приказната дека само што не сме влегле во Европа функционира беспрекорно. Тоа што ти денес немаш леб да јадеш, те прави монструм кој се прашува до кога вака!?  Ако јас треба да чекам да влеземе во Европа за да видам барем малку подобар живот, кажете ми барем прецизно кога? Да знам, па и да имам трпение, да планирам. Арно ама, нити некој може да каже, нити некој знае.

Битно, таа приказна зазема најголем дел од просторот во медиумите, кои се приватни пропагандни центри на политиките кои не донесоа до ова ниво. И кога ке размислиш убаво, кога ке анализираш се на маса, доаѓаш до заклучок дека си тешко изманипулиран мајмун кој сакал или не, мора да ја јаде попарата онака како што му ја сервираат. А ти здрав, прав, способен, образован, сакаш да живееш ако не богато барем достоинствено во држава која функционира. Тогаш се појавува нешто што е појако од тебе, а како револт свесен дека не можеш да ‘‘утепаш никого‘‘ рефлексно употребуваш вокабулар кој е многу едноставен. Тој вокабулар е едноставен затоа што е уличен, народен. Првото што сакал или не рефлексно ти излага од устата е реченицата ‘‘да ти ебам државата‘‘, па потоа се што оди со нејзе, вклучувајки мајки, сестри, вујни, а не ретко и цела фамилија. Тоа е сосема очекувано од народот, ако се земе во предвид дека масата е со ниско развиена културолошка свест, и ако се земе во предвид  дека традиционалниот говорен јазик има плејада на зборови кои се далеку од политичкиот јазик и продавањето ‘‘култура во изразот‘‘. И затоа еве, и јас како Агим Јонуз, им се придружувам на сите оние на улица кои се во суштина чесни, ама на кои им пукнал филмот со зборовите ‘‘ да ти ебам животот во ваква држава‘‘!

Она што ги молам читателите, е да бидат искрени, па барем во себе да си признат дека не опсуле ни држава ни животот во неа. У повторно ке прашам онака како што стои во насловот на колумната, ‘‘како да не отераш се у три мајчини‘‘? Да отераш некого или нешто у три мајчини не значи  само дека ти пукнал филмот, туку дека и ти си дигнал раце. Како изгледа живот во држава во која сите дигнале раце и функционираат по системот ‘‘ќути и пливај, па кај стигнеме‘‘!? Како може да изгледа живот во држава во дваесет и први век на која главна тема и е Гоце Делчев? Која нема своја политика која се практикува на терен освен некакви обиди да се амортизира гладот и редот преку дневно политичко жонглирање?  Која не создаде нација лојална на државата? Која наместо квалитетен живот ти нуди националромантизам? Која по секоја цена сака на народот да му каже дека ние сме спремни и достојни за Европа, додека на улица ни се случува беда и примитивизам  каков што никаде нема? Која етноцентристичките приоритети ги става над државните, над социјалните, над економските? Која има фамилии во кои не само децата, туку и татковците сонуваат како да побегнат? Која продаде се што е национално благо? Која живее на вересија во меѓународниот банкарски филм? Која има најкорумпиран систем? Која купува ‘‘ден за ден‘‘ во социјално-економскиот амбиент?

Дали да продолжам со набројување?…. не! Само ке прашам кратко, а ке се поврзе со насловот на колумната ‘‘како да не отераш се у три мајчини‘‘!? Сакал нејкел, само ти доаѓа!

Да се вратиме назад во колумнава и да му се вратиме на граѓанскиот устав за сметка на националниот! Во што ке се состоеше разликата денес? Во многу нешта, ако се водиме од премисата дека граѓанскиот устав ке иницираше поголема грижа за формата на државата за сметка на националромантизмот и националните ‘‘политички бункери‘‘ на политичката сцена. Ова второто произведе етноцентристичко акционерско друштво од државата.  Поставеноста е таква што вика народ ‘‘ мање-више‘‘ сите да бидат задоволни.  Така се запостави поимот ‘‘нација‘‘. Македонија воопшто не е монолитна колку и да се прави и колку и да изгледа. Имаме ситуација во која државата како поим е во суштина еден субјект околу кој сите се собираат како индијанци околу огин и скокаат во ритмот на тоа што ќе им го каже ‘‘калето‘‘. Дека кај албанците ке имаше борба каква што и со овој устав видовме, тоа секако. Правата на припадниците на албанската заедница ке мораа да се испеглаат на некој начин. Но, ако некој смета дека македонците немаа да имаат проблем да докажат дека Гоце Делчев не бил бугарин, и тоа е исто така. Значи да и се вратиме на поентата. Дали многу нешта ке се прескокнеа ако имавме граѓански наместо национален устав. Сега бугарите не можеа ‘‘ да прдат у ваздух‘‘. Никој нема да можеше ниту да тврди ниту да негира дали има бугари во Македонија. Сите ‘‘унутра‘‘ ке си беа едноставно ‘‘граѓани на Р. Македонија‘‘, па сеа бил ти турчин или каурин, на вујна ти гаките! А, од друга страна самите критериуми и системот на вреднување внатре во државата ке беа поинакви. Дека тоа немаше да дозволи да цвета националромантизмот е приказна за мали деца, секако ке имаше, но, дека механизмите на функционирањето на државата ке имаа поинаква платформа тоа сигурно. Тогаш немаше да има простор за нај небулозното политичко прашање на овие простори а тоа е ‘‘ дали може Албанец да биде претседател на државата‘‘?

Тогаш и покојни /рахметли/ Амди Бајрам ке имаше подеднакви шанси. Дури и ‘‘Банту црнец‘‘ со македонски пасош ке имаше право да се какдидира и евентуално да стане претседател. Но, како ке си ги лечеа македонците своите историолошки комплекси! Хм! А албанците?… оф, тоа е долга приказна! Секако ќе мораше да се најдат механизми за правична застапеност, па сеа, дали по моделот на 2001-ва или не, тоа е тема за дискусија. Но, токму државата со евентуален граѓански концепт на устав и стварност, ќе мораше да воведе не двојазичност, туку петојазичност. Па тоа е Европа, тоа е европски модел! Ама, кому да објаснуваш.  Макеонија ке беше ‘‘европски модел‘‘ уште на самиот почеток. Вака стана ‘‘ жива рана’’ која бара многу време за да се постигне амбиент на ‘‘ и волкот сит и овците на број‘‘ , а сите барабар ‘‘европјани’’. Нејсе!

Кога сме кај албанците, нај актуелно беше случувањето во ДУИ. Каква маестралност на Али Ахмети. Успеа во целата таа циркузијада да извлече ‘‘нерешено‘‘ и на сите да им удоволи да си останат во играта. Она што е впечатливо е реакцијата на Таљат Џафери кој излезе од состанокот, незадоволен што нема потпретседдател од Гостиварскиот регион. Можеби со право, ако се земе во предвид дека неговите заслуги се големи, а богами и делот на гостиварските политичари се заслужни за она што денеска ДУИ претставува. Дали можеби и тоа е некаков смислен потег за одржување на некакви тензии за потреби на некакви комбинаторики? Артан Груби повторно испадна ‘‘ќарлија’’. Ем си остана вицепремиер, ем во претседателство, ем кога ке има смена од функцијата јас сум спремен да се кладам дека нема да оатсне на маргините. Неговата блискост и поврзаност со Али Ахмети е чудна до ниво на неприродност.  Јас гарантирам дека уште долго време нема да биде ‘‘ пуштен по вода‘‘ се додека на врвот е Али! Во најмала рака не му бега дипломатија. Зарем е лошо да бидеш еден ден ‘‘Г-дин Амбасадор‘‘! Или пак, доколку на следните избори повторно биде кандидиран, кој тврди дека можеби тој не е следниот ‘‘председател- подпретседател‘‘ на собранието? Ааа!? Али Ахмети – и се е можно! Единствената опасност во иднина ќе биде само евентуалниот пораз на избори на ДУИ од албанската опозиција. Тогаш се ке се распадне како кула од карти. И Груби –Муби и цела фудбалска постава. Јас само можам јавно ‘‘да му скинам капа‘‘ на Али Ахмети за политичката мудрост со која го води ДУИ. Маестро… а типови како Артан-Мартан, се политичко потрошен материјал.

И на крај повторно да го поставам прашањето од почетокот на колумната ‘‘како да не отераш се у три мајчини‘‘ и да бараш алтернативни начини за својот живот и иднина, ако земеш во предвид дека се е само една голема маска зад која државата се распаѓа по сите основи, се е еден најобичен нискобуџетен филм, се е лага, се е импровизација, се е дисфункционално, се е ‘‘политички панаѓур‘‘, се е ‘‘бош муабет‘‘ и покрај зурлите и тапаните кои ја свираат песната ‘‘ еве само што не сме влегле во Европа‘‘! Море мрш се у три пизде материне!! За овој простор е само ‘‘чизма‘‘,.. железна рака и ‘‘Разумем‘‘ филозофија!
ОО ЏЕМААТ! … (респект кон реални верници и старци луѓе)…. ‘‘хајт и ти у три…! За тебе само ‘‘Anadolija, yuz bir sene”!!! Не е за тебе држава! СИКТЕР ДОМА!