Како последица од коронавирусот: Почина д-р Сенат Грбовиќ

20

Како последица од коронавирусот, вчера на 53-годишна возраст почина д-р Сенат Грбовиќ, кој до лани работел како лекар во Брза помош во Здравствениот дом Скопје, а од јануари годинава бил ангажиран во приватна здравствена установа. Оваа тажна вест ја споделија од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на нивната Фејсбук страница каде искажаа искрено сочувство до неговото семејство.

– Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на д-р Сенат, стои во нивната објава.