КАКО СЕЉАК ГРАДИ ДРЖАВА

Не е страшно што си мајмун, туку е страшно што не сакаш да учиш, да одиш напред и да си го подигаш сопственото ниво. Тебе ти е во гените да бидеш чобан, јасно ми е тоа мене, ама за чобани велат не е Европа! За чобани е планина, зелена трева, мирис на овча волна. Изворска вода, а не виски. Тебе вискито ти удира у глава, па мислиш дека си Француз. СИКТЕР ДОМА! Ти ке направиш здрава држава ‘‘кога ке прдне мртов‘‘! А можеби ни тогаш

1.584

 Од Агим ЈОНУЗ

Феноменот ‘‘Скопје и останато‘‘ донесе во градот и коте и моте. Која мајка изгубила дете нека го бара по Скопје. Во панаѓурот наречен главен град сигурно се крие во некое ќоше.  Тоталната централизација на општествениот живот си го наплати данокот. Скопје стана општествено – социолошки бордел. Миграцијата село -град одсекогаш постоела, ама ова не е миграција туку тотална внатрешна емиграција. Релацијата село – Скопје и ‘‘ у свет‘‘ стана отворена жива рана која цивилизациски ја уништува полека ама сигурно Македонија. Дека по некој ке видиш по селата сигурно, ама објективната слика е дека гледаш животна пустина во која по некоја камила гледа навечер вести, пие жолта ракија и сонува Европа и  бистри политика која и го доведе до тој начин на живот! Со оглед на тоа дека динамиката на развој на технолошко социолошко ниво е многу брзо и галопирачко, никој не сака да биде више селанец, провинцијалец, туку сака да биде во центарот каде што нештата се случуваат, а далеку од неговата селска авлија. И така, еден огромен дел од ‘‘селани‘‘ тргнаа да го освојуваат градот, но многу мал број останаа тоа што достоинствено се! Луѓе дојдени од село. Кои не се срамат од своето потекло, туку напротив се гордеат.  Најголемиот дел  од селанец  прејде во ‘‘сељак‘‘. Разликата е огромна. Тоа е еден феномен на урбана дефиниција за ‘‘кула ни на земја ни на небо‘‘! Ни селанец, ни граѓанин. Едноставно – сељак! Како изгледа еден сељак? Еве како!

Продава земја и со парите кои му даваат сила смета дека на се што ќе налета ќе му затвори уста дека он е господин човек кој треба да биде почитуван. Правилата каде му е местото не се битни, влегува каде сака  зашто во големиот град сите го продале газот за мали пари. Клучната работа која треба да ја постави  е да даде до знаење дека тој  не е никој и ништо, туку господин човек. Прво што ќе направи сељак кога ке сака да  покаже дека е ‘‘ некој и нешто‘‘, купува големо и скапо ауто. Тоа што сообраќајната култура за него е научна фантастика не е битно, така да што и да се случи ќе биде ‘‘ од господ било така пишано‘‘. Улиците кои имаат стриктни правила на движење и закони, за него си остануваат ливада на која тој навикнат со трактор да си шпарта без да се секира дека некого ке прегази не дај боже. И така, битно е да го видат дека вози скапо ауто, а тоа што смрди на кромид внатре не е битно. Та, кромидот е здрав за организмот.   Во меѓувреме не прашува колку кошта некое место, го зима и прави огромна куќа со обавезни два големи столба на влезот како да е во масонска ложа, внатре става најскап намештај, ама го покрива со најлон и живее или у подрумот или на приземје, за да не ‘‘прља‘‘! Куќата му е галерија за да види свет ‘‘ кој е он‘‘! Во урбаниот свет каде што правилата на однесување и на живеење се разликуваат од селските се снаоѓа лесно. Со оглед на тоа дека пред него дошле уште многу сељаци, амбиентот му е полу познат. Се адаптира на оној што го поставиле претходните сељаци, а тоа подразбира бруталност, газење се пред себе и поставување авторитет врз основа на многу едноставно правило кое звучи вака. Ако не сум по паметен од тебе, по богат сум, а ако не сум по богат, по јак сум. Имам шест браќа па ти бујрум закачај се со мене. Како и да е никој нема математика да се закача со нив, зошто тие се спремни на се, па дури и на војна. Потоа, во средината во која се наместил како богат и како човек кој по секоја цена треба да биде почитуван, поставува сопствени правила на однесување и на систем на вредности кој е адаптиран на неговата полуписменост, а која подразбира дека како и да свртиш се наоколу не чини, туку само тој е правиот пред господ и законите.

Добро задскриен зад религијата, ( џамија / црква) кои  со отворен газ за донации и пари го промовираат во секојдневјето, отвара бизнис кој во најголем број на случаи немаат врска со закон и чесност. Институциите кои треба да го контролираат се од една страна корумпирани, а од друга страна пре полни со луѓе од неговото село од кое дошол, па сите си помагаат да се заработи за ‘‘ еснафски живот‘‘. Во џунглата на новодојдени провинцијалци и сељаци, се организира и си прави свои кругови на интерес. Така, се создаваат тетовско лоби, кичевско, штипско, битолско, гостиварско,… а башка ‘‘косоварско‘‘. Има секакво освен ‘‘скопско лоби‘‘. Окупација! Нејсе, тие кругови си делат територии на делување, во смисла на разни општествени нивоа. Едни држат бизнис, други држат подземје, а најопасни се оние кои навлегуваат и држат конци во политиката. Тие третите се најопасни, затоа што тие контролираат она што е спомнато претходно. Политиката го контролира и бизнисот и подземјето. Е, сега дојдовме до клучниот дел од анализата.

Како прво да се разбереме, оваа анализа воопшто не ги раздвојува луѓето на оние кои дошле од село и оние ‘‘граѓаните‘‘, туку на сељаците како феномен. Има многу политичари кои си живеат на село ама се бават со политика. Поентата е она што создава културолошка и цивилизациска дефекација на општеството, а има директен импакт кон современиот момент на државата и амбиентот на живот во неа. Секако, со трагични последици кон градењето на системот и неговото институционално здраво ткиво.

Најголемиот број на сељаци во политиката се водат по системот на локално патриотистички, етнопатриотистички и квази демоктратски вредности. Антагонизмот на етничка основа им овозможи на сељаците фантастично поле на кое може да си играат политички фудбал колку што сакаат. А, со самото тоа да контролираат систем кој овозможува секој да заработи. Секој освен државата. Државата и нејзините интереси се секундарни за сељакот, затоа што како прво тој воопшто не знае што е тоа држава, никогаш не ја имал. Никогаш не ја градел. Му ја градел и водел некој друг низ историјата. Тој, генетски е создаден да слуша што ке му каже оџата/ попот и крај! За него зборот закон, устав, правила и прописи е само материја со која си игра во политиката зашто тие се небитни. Битно е само едно. Најтрагичното. Личниот интерес! Кога една поголема група сељаци ке се собере на едно место да брка личен интерес задрскриен зад државните интереси, се создава политичка мафија која е ништо помалку опасна од онаа сицилијанската. Каде е интересот на државата? Каде е интересот на оној во чие име сељакот води политика и се надева дека го води на прав пат? Каде е конструкцијата која треба да создаде здрав, цивилизиран и модерен амбиент на живеење во дваесет и првиот век?

У пичку лепу материну ! ( посебен пасус) без понатамошен коментар!

Постојат два вида на сељаци. Ортодоксни и ‘‘тазе‘‘ сељаци. Разликата е во тоа што ортодоксните се веќе етаблирани во сите пори на општеството и ако ништо друго, знаат каде треба да отворат уста а каде не. Се препознаваат токму по тоа што кога ке отворат уста се ти станува јасно. По секоја цена сакаат да бидат секаде и секогаш почитувани, да бидат први, да бидат во центарот на вниманието. Да се докажуваат. Тие сељаци бавно, но сигурно ја минуваат границата кон повисоко ниво затоа што децата ги школуваат во скапи приватни училишта и секако следната генерација ке има еден цивилизациски степен повеќе. Арно ама, генот си е ген. Заостатокот зад современиот западен модел и концепт е преголем, затоа што тој оди галопирачки напред, а ние сеуште се бавиме со она што сељаците најдобро го знаат како тема и како епицентар на актуелност. Мустаките на Гоце Делчев, Скендербег и религијата која не може да се заобиколи затоа што таа е еден од најголемите центри на кои сељаците си наоѓаат плодно поле за собирање на едно купче. Ќе треба многу време да бидеме она што денес е современиот свет. А кога со оваа гарнитура сељаци ке бидеме тоа, само господ знае каде ќе биде современиот свет. Најверојатно ке биде веќе преселен на Марс. За разлика од овие сељаци кои ги спомнуваме, оние ‘‘ тазе‘‘ сељаците се она што најмногу ни боде очи во секојдневието. Тие се насекаде. Ги има за извоз. Агресивни простаци кои сметаат дека се што повеќе тарзани, тоа повеќе интересни. Извор на некултура, примитивизам, неартикулирано присутни насекаде. И Македонци и Албанци. Луѓе кои допрва го осознаваат урбаниот модел на функционирање. Се собираат во групи затоа што сам не може никој да просперира. Така си создаваат кланови, кои најчесто фаќаат правец на криминогеност. Гласачко тело кое по партиски кругови важат за најголемо богатство затоа што се спремни да направат се и да обезбедат предуслов за успех на терен. Без пардон брутални, затоа што во недостаток на мозок и култура компензацијата се добро развиени мускули и спремност за конфликт. И така, не само Скопје, туку целата држава станува еден голем заложник на нај примитивниот модел на функционирање. Ние сме како држава еден голем остров на егзотични животни во кој владее само едно правило, а тоа е правилото на нај суровиот анимализам во човечка кожа. И на крај да поставиме прашање, што да се коментира кога една држава е во раце на таква структура. Таа те води, таа ти диктира, таа те манипулира, таа ти гради иднина. А јас, во свој стил, би цитирал еден пријател кој ја прочита колумнава пред да ја објавам. Знаете што ми рече кратко и јасно!? Не! Е, да ви кажам искрено, рече ‘‘ да ти ебам државата‘‘!!!

ОООО ЏЕМАААТ! Не е страшно што си мајмун, туку е страшно што не сакаш да учиш, да одиш напред и да си го подигаш сопственото ниво. Тебе ти е во гените да бидеш чобан, јасно ми е тоа мене, ама за чобани велат не е Европа! За чобани е планина, зелена трева, мирис на овча волна. Изворска вода, а не виски. Тебе вискито ти удира у глава, па мислиш дека си Француз. СИКТЕР ДОМА! Ти ке направиш здрава држава ‘‘кога ке прдне мртов‘‘! А можеби ни тогаш.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)