Кампањата „Ние сме Европа“ во Штип

0

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, која ја  предводи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вечер во Штип ќе се одржи отворена трибина „Градиме македонски, градиме европски“.

На трибина ќе се обратат вицепремиерот Бојан Маричиќ,  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер и проректорот за меѓународна соработка при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Ана Никодиновска Крстевска.

Под мотото „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања, од 30 август до крајот на септември ќе спроведат кампања во осум градови во земјата посветена на приближување на целта за влез во ЕУ до граѓаните.

Во рамки на кампањата се организираат трибини и средби со граѓани на неколку теми: земјоделство, енергетика, туризам, економија, млади и инфраструктура. Активностите во секој од градовите вклучуваат и посета на локалитет од значење за конкретниот град