Канjе Вест по разводот со Ким Кардашијан ќе се сели во Лондон?

48

По веста дека Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат, јавноста со нетрпение очекува нови детали.

Медиумите шпекулираат дека Канје Вест сериозно размислува да се пресели во Лондон по разводот.

„Канје споделил со своите пријатели дека својата иднина ја гледа во Лондон кога ќе се финализира разводот. Тој исто така сака да го прошири својот тим со кој редовно настапува на „неделни служби“во Европа и смета дека Лондон би можел да биде добар почеток за тоа“, изјави извор за Mirror.

Иако нивниот развод за многу нивни фанови беше шок, се чини дека има и такви кои знаеле дека овој ден ќе дојде некогаш. Поранешната дадилка на семејството Кардашијан, Пем Бехан (52), уште на самиот почеток на нивниот брак знаела дека нема да трае вечно.

Прочитајте и… ВИДЕО+ФОТО | Се прослави во филмот „Карате Кид“ пред 37 години: Денес тој има 59 години и воодушевува со својот младешки изглед!
„За разлика од Ким, Канје не знаел како да се носи со големиот успех. Лично и се восхитувам на Ким што се обиде да го одржи тој брак шест години. Знам дека тоа го правеше најмногу поради децата“, изјави таа за „ The Sun“.